Проекти
Spotlight on my future
Проектот има за цел да зајакне 24 млади луѓе од Скопје преку зголемување на нивното учество во процесот на креирање политики. Оваа интервенција има за цел да го реши тековниот демократски дефицит предизвикан од недоволната застапеност на младите во локалната власт.
„Нарави добро - спаси храна“
Интерактивен настан на кој преку динамични дискусии, приказни, групна работа и игри се дискутираше за последиците од фрлањето храна и совети како да се намали фрлањето храна. На крајот од денот, учениците добија признание - спасители на храна и се обврзаа дека во иднина ќе внимаваат на фрлањето и конзумирањето на храната.
COP28 Warm-up with Europe House Network
FoodSecurity во Europe House Veles
Колкав е нашиот #FoodPrint ? Кои се навиките кои треба да ги смениме за да постигнеме одржлив развој и одржливи системи за прехранување?
Национален Младински Совет
Станавме членка на Националниот Младински Совет (НМСМ), најголемото тело во нашата земја со претставници од младинскиот сектор.
Национален саем на социјални претпријатија и здруженија 2021 - 2023
Традиционално секоја година сме дел од овој саем кој е организиран од Центарот за социјални претрпијатија Скопје.
Youth Fest 2022
Учествувавме на еден од најголемите настани кои се залагаат за застапеност на младите. Фестивалот во 2022 се одржа во МКЦ, каде што учествувавме со сопствен штанд.
Balkan Green Ideas
Ние сме регионални победници на натпреварот Balkan Green Ideas, каде во 2021 година на финалето во Белград бевме во конкуренција со претставници од сите балкански држави како Србија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ и Косово, а нашата идеја за производство на есенцијално масло од кора од портокал беше во победничките.